Република Српска со закон и казни ќе ја зачувува употребата на кирилицата

Илустрација - Натпис на српски јазик, на кирилица и на латиница, како и на англиски јазик, на влезот од Народното собрание на Република Српска - Бања Лука, 3 септември 2021

Владата на Република Српска (РС) го одобри Предлог-законот за заштита, зачувување и употреба на јазикот на српскиот народ и кирилицата, по итна постапка.

„Овој закон го уредува системот на заштита, зачувување и начин на употреба на јазикот на српскиот народ и кирилицата во Република Српска како нематеријално културно наследство, односно културна сопственост од исклучителна важност“, стои во членот 1 од овој закон, кој исто така одредува парични казни за прекршување на правилата за употреба на кирилицата.

Задолжителна употреба на кирилицата е предвидена за сите институции, компании и организации кои се финансирани со народни пари. Законот ја обврзува употребата на кирилица за настани што се финансираат со народни пари.

Официјалните писма во Босна и Херцеговина се латински и кирилица.