БиХ ќе мора да фрла ковид вакцини, им истекува рокот

Илустрација - Анти-ковид вакцинација во Мостар, БиХ, август 2021

Во Босна и Херцеговина (БиХ), која имаше големи проблеми со снабдување со вакцини против коронавирусот, сега ќе мора да уништи неколку стотици илјади дози затоа што за еден месец им истекува рокот за употреба.

Крајниот рок за употреба на над 350 илјади дози истекува на почетокот на следниот месец, соопшти денеска босанскиот Институтот за јавно здравје.
Со краток рок за употрена се останати уште 319.390 вакцини на Астра Зенека, 19.536 Фајзер и 1.257 Синовак кои ако не се искористат наскоро ќе мора да бидат уништени.

Вториот контингент вакцини, на кои им истекува рокот во ноември, е 25.170 Астра Зенека и 10.530 Фајзер, додека во декември истекува рокот за уште 64.350 вакцини.

Директорот на Институтот за јавно здравје на Република Српска, Бранислав Зељковиќ, изјави дека повеќе од 55.000 вакцини на Астра Зенека веќе пропаднале во Република Српска. Рокот им измина на крајот на јули и август, а сега се подготвува уништување.