Претседателските избори во Бугарија ќе се одржат на 14 ноември

Румен Радев

Бугарија ќе одржи претседателски избори на 14 ноември, одлучи денеска парламентот, во услови на продолжена политичка неизвесност во оваа балканска земја. Претседателот Румен Радев, еден од најпопуларните политичари во земјата, изјави дека ќе се кандидира за нов петгодишен мандат за главно церемонијалната функција. Радев е поддржан од социјалистите и анти-естаблишмент-партијата ИТН.

Радев - Ќе се зголемува притисокот врз Бугарија на тема С. Македонија

Другите партии допрва треба да ги именуваат своите кандидати. Со поделен парламент кој не успеа да донесе влада од националните избори на 11 јули, Бугарите речиси сигурно ќе гласаат на нови парламентарни избори и во ноември.