СЗО Во Берлин отвори центар за истражување и откривање епидемии

илустрација

Светската здравствена организација (отвори центар за истражување и рано откривање на епидемии во Берлин, наменет за подобар одговор на итни здравствени ситуации. Центарот го отвори генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус, во присуство на канцелрката Ангела Меркел. „Светот треба да биде способен да забележи нови случувања со потенцијал за пандемија и да ги следи мерките за контрола на болеста во реално време за да воспостави ефикасно управување со пандемијата и епидемијата на ризик“, рече директорот на СЗО.

Германските фирми бараат опции да дознаат дали вработените им се вакцинирани

Центарот е делумно финансиран од Германија и ќе собере експерти од неколку дисциплини на кои ќе им ја стави на располагање најмодерната технологија, се наведува во соопштението за СЗО. „Заклучоците од истражувањето треба да се споделат со сите земји“, рече Меркел, додавајќи дека сегашната пандемија покажува што може да се направи кога силите ќе се обединат.