Времето денеска: сончево со локална облачност

Ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час) што ќе предизвика опаѓање на температурите. Дневната температура ќе биде од 19 до 30 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 25 степени.