Белорусија ќе добие воена помош од Русија

Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко

Белорускиот авторитарен лидер Александар Лукашенко рече дека неговата земја наскоро ќе добие голема воена пратка од Русија, што се смета за знак дека Русија продолжува со поддршката кон него во услови на меѓународни противења за неговиот понекогаш насилен однос кон неистомислениците. Лукашенко денеска рече дека десетици авиони и системи за воздушна одбрана меѓу кои веројатно и С-400 ракетен систем ќе биде наскоро доставен од соседна Русија во Белорусија. Тој не кажа дополнителни детали.

Лукашенко исто така ги потврди претходните извештаи дека планира да се сретне во Москва на 9 септември со неговиот руски колега Владимир Путин на разговори за понатамошна интреграција меѓу двете земји. Според него по 28 патокази за интеграција меѓу двете земји кои се потврдени од двајцата лидери тие треба и да бидат потпишани во октомври и ноември.

По година од протестите до кои дојде по претседателските избори се чини како Лукашенко се повеќе да се посветува на поддршката од Путин. Западните држави одбиваат да го признаат како легитимен претседател и воспоставија санкции кон неговата влада. Тој денеска кажа дека подлабоката интеграција со Русија нема да го поткопа суверенитетот на Белорусија. Воените сили на двете земји би требало да одржат и воена вежба подоцна месецов.