Од Ковид19 почина 15 годишна девојка од тетовско

Инфективна клиника во Скопје

Министерството за здравство денеска информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починала 15 годишна пациентка од тетовското село Селце.

„Пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста. Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби десет дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, пациентка е со обезитас. Епидемиолошката анкета е позитивна односно, според кажувањата на таткото на пациентката нејзината мајка е почината со Ковид 19“, наведуваат од Министерството за здравство.

Во Македонија смртноста од ковид е поголема отколку во соседството

Инаку првиот починат пациент како последица од коронавирусот во Македонија беше 57 годишна жена од Куманово, а најмладата жртва досега е бебе кое на барање на родителите, со авион беше транспортирано во Швајцарија. Бебето кое почина на 30 мај, претходно беше хоспитализирано на Детската клиника и имаше позитивен резултат на Ковид19.

Од почетокот на пандемијата до последната вкупна здравствена статистика вчера во Македонија како последица од Ковид19 починаа 5.938 луѓе. Бројот на активни случаи во моментов е 14.249, а со вирусот вкупно се заразија 176.494 луѓе.