Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изврши реконструкција на својот кабинет, додавајќи нови лица по критиките за владата во справувањето со пожарите ова лето, иако клучните министри останаа на функцијата. Министерот за финансии Христос Стајкурас и министерот за надворешни работи Никос Дендијас ги задржуваат своите функции, рече владиниот портпарол Јанис Иконому.
Шефот на грчката дипломатија Дендиjас во официјална посета на Македонија
Грчката влада се најде под жестоки критики во врска со справувањето со големите шумските пожари што зафатија неколку острови и предградијата на Атина. Мицотакис оцени дека пожарите биле последица од глобалните климатски промени. Владата се соочи и со критики по одлуката за задолжително вакцинирање на одредени групи граѓани.