Состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ за Авганистан

Министрите за внатрешни работи на ЕУ на состанок во Брисел, архивска фотографија

Словенечкото претседателство со ЕУ за денеска во Брисел свика вонреден состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ за ситуацијата во Авганистан. „Сакаме да ја координираме позицијата на ЕУ на потенцијалното влијание на ситуацијата во Авганистан врз мигрантската и безбедносната состојба во ЕУ“, рече словенечкиот министер за внатрешни работи Алес Хојс, кој ќе претседава со денешниот состанок. Словенечкото претседателство ќе се обиде да усвои заедничка изјава на министрите за внатрешни работи на ЕУ.

Европа стравува од нова бегалска криза

Министрите, според нацрт заедничката изјава, ќе наведат дека се решени да дејствуваат за да спречат повеќе „неконтролирани големи илегални миграциски движења од големи размери“ од Авганистан. Тие исто така ќе се обврзат дека ќе ги запрат новите безбедносни закани од Авганистан за граѓаните на ЕУ, како и ќе ги направат вистинските безбедносни проверки за евакуираните, се вели во нацрт. „Целта е, исто така, да се развие сет мерки што ќе помогнат да се спречи повторување на сценариото од 2015 година, кога земјите -членки се соочија со висок миграциски притисок“, додаде Хојс.

ЕУ со над 200 милиони евра хуманитарна помош за Авганистанците

Покрај министрите, на состанокот се поканети и претставници на Европската комисија, Европската служба за надворешна акција, Фронтекс, Европол, Европската канцеларија за поддршка на азилот и координаторот за борба против тероризмот на ЕУ, објави словенечкото претседателство со ЕУ.