Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш закажа за денеска седница на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН во врска со хаотичната ситуација во Авганистан по нападот во близина на аеродромот во Кабул. Претходно некои од постојаните членки: САД, Британија, Франција, Русија и Кина разговараа за можноста да се одржи таков состанок, но Русија наводно се спротивставила. Десетте непостојани членки на Советот за безбедност на ОН нема да присуствуваат на состанокот.
Саливен: Талибанците ќе овозможат безбедна евакуација и по 31 август
Последната пленарна седница на Советот за безбедност на ОН за Авганистан се одржа на 16 август, ден откако Талибанците го зазедоа Кабул, кој ја презеде власта во речиси целата земја. Гутереш го осуди нападот во близина на аеродромот во Кабул, во кој загинаа стотина Авганистанци и 12 припадници на американската армија, додека повеќе од 140 луѓе беа ранети. „Овој напад укажува на нестабилноста на ситуацијата во Авганистан, но исто така ја зајакнува нашата решеност да продолжиме да даваме помош низ целата земја за поддршка на авганистанскиот народ“, рече Гутереш.