Ураганот Ида го прекина снабдувањето со струја во Њу Орлеанс. Станува збор за еден од најмоќните урагани што некогаш ја погодиле американската држава Луизијана. Енергетската компанија Ентерги соопшти дека градот со 400.000 луѓе е без струја поради „катастрофална штета во преносот“ и дека единствената енергија во градот доаѓа од генератори. Националниот центар за урагани (НХЦ) соопшти дека од 20 часот по локално време окото на бурата било западно од Њу Орлеанс.
Кон југоисточниот дел на САД патува најсилниот ураган од 1850 година
Ида ослабе до бура од 3 -та категорија, со ветрови со брзина од 185 километри на час, предизвикувајќи бранови и поплави. Категоријата 4 е второто највисоко ниво на скалата на урагани, способно да предизвика сериозна штета на добро изградените домови, да откине покриви и да урне дрвја и далноводи. По ваквите бури, прекинот на електричната енергија може да трае од неколку недели до месеци. „Ова ќе биде катастрофален ураган, опасна по живот а ... сфатете го сериозно, навистина многу сериозно“, предупреди претседателот Џо Бајден во Вашингтон. Десетици илјади луѓе побегнаа пред невремето.