Анти-талибанските сили: Подготвени сме на преговори, но нема да се предадеме

илустрација, припадници на анти-талибанските опозициски сили

Калид Нура, син на некогаш моќниот гувернер на провинцијата Балк, изјави дека опозициските сили се собираат за „колективно да преговараат“ со Талибанците. Во колективното договарање, наведува е вклучен и ветеран, узбекистанскиот лидер Абдул Рашид Достум.

Агенцијата Ројтерс разговараше со Нура, како претставник на анти-талибанските опозициски сили во долината Панџшир северно од Кабул, која е речиси единствената преостаната област што не е под контрола на Талибанците, иако е во нивна близина.

Нејасно е колку би биле обединети таквите фракции, а самиот Нур вели дека постои „голем ризик“ преговорите да пропаднат.

Меѓутоа, ако тоа се случи, тој истакнува дека предавањето „не би било можно“ и дека историјата покажала дека секој обид за насилно владеење со Авганистан е „невозможен“.

Портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид, рече дека преговорите се во тек, и дека истите имаат „60 проценти шанса за успех“.