Педесеттина исчезнати откако потонал брод кај Сенегал

илустрација

Речиси 50 лица се водат како исчезнати по потонувањето на брод во кој имало 60 луѓе во близина на северниот брег на Сенегал, објави Армијата на оваа африканска земја.

Бродовите на морнарицата спасиле 11 патници и го извлекле телото на еден удавен човек откако добиле порака дека бродот се превртел на околу 35 километри од устието на реката во Сенегал. Меѓу спасените има осум државјани на Сенегал и тројца од Гамбија.

Во тек е операција за пребарување, но нема други информации за патниците или нивната дестинација.

Од почетокот на годината, има забележително зголемување на бројот на мигранти кои тргнаа на опасно патување од Африка до Канарските Острови во Шпанија, честопати во многу сиромашни и пренатрупани бродови со несигурни мотори.

Според шпанските власти, од 1 јануари до 31 јули, најмалку 7.531 лице пристигнале од Западна Африка на Канарските Острови, што е раст од 136 проценти во споредба со истиот период минатата година.