Времето денеска сончево со умерена облачност и ветер

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец.

Попладне претежно во источните делови ќе има појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната од 27 до 35 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.