Двајца британски државјани и едно дете загинале во експлозиите во Кабул

Местото на нападот на аеродромот во Кабул.

Британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб изјави дека двајца британски државјани, меѓу кои и едно дете, загинале во експлозиите што ја потресоа областа околу аеродромот во Кабул.

„Бев длабоко тажен кога дознав дека двајца британски државјани и детето на друг британски државјанин загинаа во вчерашниот терористички напад, а уште двајца беа повредени“, рече Рааб еден ден по експлозиите.

Исламската држава непријател на Талибанците, како и на Западот, ја презеде одговорноста за нападот, велејќи дека целта на еден од нејзините бомбаши-самоубијци биле „преведувачи и соработници со американската армија“.

„Тоа беа невини луѓе и е трагедија додека тие сакаа да ги доведат своите сакани на сигурно во Обединетото кралство, беа убиени од кукавички терористи“, додаде тој.

Во вчерашните експлозии загинаа повеќе од 100 луѓе, вклучително и 13 американски војници.