Средните школи во Тетово и Гостивар наставата ќе ја почнат онлајн, а основните со физичко присуство

Празна училница.

Учениците во средните училишта во Тетово и Гостивар првите две недели од учебната година ќе учат онлајн, одлучи Комисијата за заразни болести. Комисијата постапуваше по барањето на Општина Тетово наставата во првите три недели да биде преку интернет поради зголемениот број на заразени со ковид во тој регион. Основните училишта во двата града ќе почнат настава со физичко присуство..

Како ќе се одвива понатаму наставата ќе зависи од развојот на состојбата зависност од ситуацијата, изјави во Тетово министерот за здравство Венко Филипче.

„Една од главните причини за оваа одлука е состојбата во болниците кои се преполни, пациенти од Тетово и Гостивар се сместуваат во Скопје. Бројката на ученици во средните училишта е висока и може да биде дополнителен ризик фактор иако морам да потенцирам дека немаше трансмисија во училиштата минатата учебна година кога 40 проценти од учениците беа во училниците. Но мораме да сме внимателни сепак сега имаме преполни биолница и не може да се преземе ризик да се случи уште едно дополнително влошување на состојбата. Добро е што бројките на заболени се намалуваат. Масовната имунизација и стекнатиот имунитет веројатно е го прави бранот поразличен, но за да потврдиме ова треба уште некое време треба да помине. Опфатот на вакциниција порасна од 23 на 35 отсто во Тетово“, рече Филипче по средбата со градоначалничката Теута Арифи.

За предлогот на Општина Тетово да се бараат задолжителни негативни тестови од невакцинираните просветни работници, Филипче рече дека тоа се предлози за кои ќе се разговара на Главниот координативен кризен штаб на Владата, а Владата на седницата носи одлука.

За наставата на универзитетите во полошкиот регион министерот рече дека ќе се разговара со нив со оглед на посебните карактеристики кои ги имаат овие образовни установи.