Милиони Американци во ризик да останат без покрив над главата

Врховниот суд на Соединетите држави во Вашингтон

Врховниот суд на САД стави крај на федералниот мораториум за иселување, ставајќи милиони Американци во ризик да останат без покрив над главата. Судот одлучи со 6-3 да застане на страната на сопствениците и групите за недвижности кои тврдеа дека Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) го пречекориле својот авторитет во продолжувањето на мораториумот за иселување. „Ако продолжи мораториумот за иселување на федерално ниво, Конгресот мора посебно да го одобри“, се наведува во одлуката на Судот. Мораториум за иселување е воспоставен под различни мерки од крајот на март 2020 година.

САД би можеле да го контролираат коронавирусот до идната пролет

Прво беше имплементиран за да ги заштити луѓето што изгубија работа за време на пандемијата, а потоа под овластување на ЦДЦ за борба против ширењето на ковид-19 и спречување на бездомништвото за време на пандемијата. Врховниот суд во јуни сигнализираше дека смета дека мораториумот е на разнишана правна основа. Но, под политички притисок од демократите, претседателот Џо Бајден го продолжи за два месеца, иако неговата администрација призна дека најверојатно нема законски овластување да го стори тоа.

САД одобрија дополнителна доза на вакцина за луѓе со слаб имунолошки систем


Белата куќа соопшти дека е „разочарана“ од одлуката на Врховниот суд во време кога делта варијантата предизвикува наплив на инфекции на ковид-19. Според американските владини агенции, повеќе од 15 милиони луѓе во 6,5 милиони американски домаќинства во моментов заостануваат со плаќање на кирија, додека околу 3,6 милиони луѓе се соочуваат со иселување во следните два месеца.