Столтенберг: Страшен терористички напад во Кабул, евакуацијата останува приоритет

Во нападот пред аеродромот во Кабул загинале над 72 лица, меѓу кои 12 американски војници, додека 140 биле ранети, Кабул, 26.08.2021.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги осуди двата самоубиствени бомбашки напада во близина на аеродромот во Кабул како страшен терористички напад. Во нападите, чија цел беа очајни Авганистанци кои чекаат евакуација од страв од нови талибански владетели, според последните информации загинале над 90 лица, меѓу кои 12 американски војници, додека 140 биле ранети. По експлозиите, следувало пукање. Столтенберг на Твитер изјави дека приоритет на НАТО „останува евакуација на што е можно повеќе луѓе што е можно поскоро“.

Убиени најмалку 60 Авганистанци и 12 војници на САД во експлозиите во Кабул

Неколку западни земји претходно предупредија на можноста за напади на аеродромот во Кабул во последните денови од евакуацијата и ги повикаа луѓето да ја избегнат областа. Меѓутоа, голем број луѓе кои сакаат да избегаат од Авганистан не го послушаа повикот, бидејќи операцијата за евакуација мора да заврши до 31 август.

Бајден: Терористите ќе ја платат цената

Дека евакуациите ќе продолжат потврди и изјави американскиот претседател Џо Бајден во говорот од Белата куќа. Тој рече и дека наредил напади врз локациите на „Исламска држава во Авганистан“ (ИСИС-К). Бајден прецизира дека Соединетите држави мислат дека знаат кој го наредил нападот и дека „до нив ќе стигнат без обемни воени операции“.