Бенет: Нема да има палестински држави додека сум премиер на Израел

Израелскиот премиер Нафтали Бенет со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Пентагон на 25 август 2021 година

Израелскиот премиер Нафтали Бенет пред денешната средба со американскиот претседател Џо Бајден во Вашингтон рече дека нема да го анектира Западниот Брег, но нема ни да дозволи да стане палестинска држава. Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој додаде дека составот на неговата коалициска влада, која вклучува и левичарски и десничарски партии, укажува оти драстичните потези во ниту една насока не се на дневен ред. „Јас сум премиер на сите Израелци и она што го правам сега е да најдам средина, како да се фокусираме врз она за што се согласуваме“, рече Бенет.

Израел се закани со воена акција против Иран

Израелскиот лидер се среќава со Бајден во услови на зголемени тензии со Иран и постепено продолжување на насилствата на јужната граница со појасот Газа, наведува Асошиетед прес. Тоа е негова прва прекуокеанска посета откако стана премиер во јуни, а вчера имаше средби со државниот секретар Ентони Блинкен и со министерот за одбрана Лојд Остин.

Шефови на држави - цел на израелскиот шпионски софтвер Пегаз


Во соопштението од кабинетот на Бенет се наведува дека приоритет во неговите разговори со Бајден ќе биде Иран, а тие исто така ќе разговараат за квалитативната воена предност на Израел во регионот, пандемијата на коронарниот вирус и економските прашања. Бенет неодамна објави дека ќе му каже на американскиот претседател „дека сега е време да се запрат Иранците“.