Времето денеска: променливо облачно со повремен дожд

Ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, и појава на град. Во западните делови ќе дува засилен ветер од западен до југозападен правец. Дневната температура ќе биде од 20 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 26 степени.