Претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска на Фејсбук објави дека е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје и ја побара поддршката на граѓаните кои, како што напиша, сакаат промени.
Во јавноста долго време се шпекулираше дека Арсовска ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за прв човек на Скопје на претстојните локални избори.
Актерот и музичар, поранешен фронтмен на групата Меморија, Петар Георгиевски Камиказа вчера исто така соопшти дека ќе биде независен кандидат за градоначалник на Скопје со поддршка на политичката партија Левица.
Актуелниот градоначалник Петре Шилегов од СДСМ исто така ќе се бори за втор мандат.