Грција летово ја посетиле над шест милиони туристи

Плажа во Грција за време на туристичка сезона во ковид пандемија

Задоволство од досегашната туристичка сезона во Грција изрази министерот за туризам Харис Теохарис, говорејќи за грчката телевизија „Мега“. Тој истакна дека според неофицијалните податоци, досега, Грција ја посетиле над шест милиони туристи, јави дописничката на МИА од Атина.

Теохарис истакна дека податоците покажуваат дека бројот на посетители се доближува до оној од 2019 година, односно пред пандемијата.

„И во јули надминавме два милиони посетители, а се чини дека и во август ќе биде над два милиони посетители, што како месечна бројка, последен пат го видовме во 2019 година“, рече Теохарис.

Изрази надеж дека со почитување на мерките може сезоната да трае подолго, до средината на септември, но и повеќе.