Избирачкиот материјал за локалните избори ќе се разнесува со полициска придружба

Илустрација- Гласање за предвремени парламентарни избори 2020

Полициски службеници на овие избори првпат ќе го озбедуваат доверливиот материјал, меѓу коишто ќе бидат и апаратите за вчитување на отисоците од прсти на гласачите. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница усвои Правилник за начинот на постапување на полицијата на изборите што е изготвен во соработка со Министерството за внатрешни работи. На седницата е усвоено и упатство за гласање на болните и изнемоштените лица кои ќе гласаат како и досега со примена на УВ ламба и спреј и за кои нема да се користат терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти.

„Новина на овие избори во овој Правилник е што се воведува задолжително обезбедување при транспортот на избирачкиот материјал од страна на полицијата од ОИК до Избирачките одбори и обратно. Се работи, пред се, за доверливиот материјал гласачките ливчиња и Избирачкиот список, но овој пат за првпат и со измените на законот и техничката опрема за гласање за идентификација на гласачите при гласање преку отпечаток од прст. Тоа значи дека целокупниот доверлив изборен материјал се регулира да биде задолжително обезбдувањето, чувањето и транспортот од страна на полицијата“, објасни членот на ДИК Борис Кондарко.

Исто така, како што кажа, во прилог на овој Правилник се донесува и образец за повикување на полициија што ќе им се достави на избрачките одбори. ДИК на секои избори па и на овие ќе соработува со Централниот изборен штаб на МВР за изборите. ДИК најави, Кондарко, изготвува посебно упатство и процедури за воведувањето на техничката опрема за вчитување на отпечаток од прст, во врска со транспортот, чувањето, како во самите простории на ДИК, за што ќе се предвидат сите неопходни заштити, потоа на кој начин ќе се регулира транспортот, чувањето, податоците со кои ќе биде аплицирана техничката опрема со цел заштита на личните податоци и опремата за гласање во врска со изборниот процес.

На локалните избори закажани за 17 октомври во земјата првпат треба ќе се користат терминали за вчитување на отпечатоци од прсти. Првите 250 апарати се најавени да пристигнат утре во ДИК.