„Стандард и Пурс“: Македонската економија се опоравува од пандемијата

Меѓународната кредитната агенција „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава, „ББ-“. Стабилниот изглед, како што се нотира во извештајот кој го објавува кредитната агенција, ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување на државата ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит во следната година, велат од Министерството за финансии.

Корона парадокс – Зголемени платите на текстилците, намалени на фармацевтите

Во соопштението од министерството е наведено дека Агенцијата смета дека рејтингот може да се зголеми доколку континуираните структурни реформи ги зајакнат институционалните капацитети истовремено зачувувајќи ги одржливите фискални политики.

„Економијата на Република Северна Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. И покрај котракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од здравото закрепнување на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на РС Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството коишто го ублажија расположливиот доход, “се вели во извештајот.

Лани без работа останаа речиси 7 илјади луѓе од текстилната индустрија

Потенцијалното влошување на состојбата со пандемијата и придружните ограничувања остануваат ризик за економското закрепнување. Во однос на државниот долг агенцијата очекува да достигне 58 проценти од БДП до 2024 година.