Полска крева ограда висока 2,5 метри на границата со Белорусија

Полски (во преден план) и Белоруски (позадина) граничари стојат до мигрантите за кои се верува дека се од Авганистан, седнати на земја во малото село Уснарц Горни кај Бјалисток, североисточна Полска, лоцирано близу до границата

Полска ќе подигне цврста ограда висока 2,5 метри на границата со Белорусија и ќе го зголеми бројот на војници кои ѝ помагаат на полската гранична стража за да го спречи влезот на бегалци кои пристигнуваат преку Белорусија, објави на Твитер министерот за одбрана на Полска Мариуш Блашчак. Кон крајот на минатата недела, министерот Блашчак објави дека 900 војници ѝ помагаат на граничната стража во патролирање и обезбедување на границата со Белорусија и дека веќе се подигнува ниска ограда со бодликава жица долж границата.

ЕУ со повеќе персонал и пари контра напливот на мигранти од Белорусија

Во текот на минатата година, 122 лица беа приведени во тој дел од полската граница со Белорусија поради илегално преминување на границата, додека оваа година граничната стража веќе приведе 780 странци. Балтичките републики и Полска го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко за организирање бегалска криза и пренесување бегалци од Авганистан и Блискиот Исток, кои вообичаено пристигнуваат во Белорусија со авион до Минск, понатаму до надворешната граница на ЕУ, со цел да ги дестабилизираат своите соседи и ЕУ.

Меркел со критика до Белорусија за поткопување на безбедноста на ЕУ

Претседателот на Белорусија, Лукашенко пак, ја обвини Полска дека ги спречува бегалците кои сакаат да продолжат во Германија од Полска во Белорусија со сила и под закана од оружје. Скандалот во полската јавност е предизвикан од судбината на првата група од неколку десетици бегалци од Авганистан на границата меѓу Полска и Белорусија каде што кампуваат веќе 14 дена. Белоруските граничари и војници кои не им дозволуваат да се вратат во Белорусија.