Грција не размислува за затворање граници

Бар на плажа во Грција.

Грчката влада не планира воведување на рестрикции за туристите, како затворање граници или забрана за влез од доредени земји, потврдил владиниот портпарол Јанис Иконому, на редовниот брифинг со новинарите. Грција уште ќе соопшти нови мерки, кои се однесуваат пред сè на невакцинираните граѓани.

Во однос на новите мерки, владиниот портпарол рече дека намерата е да постои „рамка на мерки кои ќе бидат ефикасни, кои ќе се спроведуваат и главно што ќе можат да се контролираат за да се обезбеди нивната ефикасност“.

Македонските граѓани во Грција може да влезат со еден од трите документи - сертификат за вакцинација, негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Конкретните обврски за патување важат за лица со наполнети 12 години.