Во изминатото деноноќие во Македонија се регистрирани нови 882 случаи на коронавирус, а 14 луѓе починале, информира Министерството за здравство. Направени биле 6.591 тестирања.
Најмногу нови случаи има во Скопје – 333, во Тетово има 109, Гостивар 46, Струмица 80, Куманово 59, Кичево 42...
Пријавени се 22 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54,68,69 и 84), и Тетово (49,67,68 и 81), 3 починати лица од Гостивар (49,72 и 74), по едно починато лице од Куманово (72), Охрид (82) и Виница (77г). Од пријавените починати лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 168.872, бројката на оздравени пациенти е 152.098, на починати е 5.668, а бројот на активни случаи изнесува 11.106.