Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала локална облачност и слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 35 степени.