Пекинг го повика Пакистан да ги заштити кинеските државјани од напади

Архива- Пакистански безбедносни службеници вршат увид на место на експлозијата во Квета, главниот град на провинцијата Балучистан. 16.07. 2021.

Пекинг побара од Исламабад да преземе чекори за да се осигура безбедноста на кинеските државјани во Пакистан, по смртоносниот самоубиствен напад во југозападната провинција Балучистан.

Две деца загинаа, а четири други вклучително и кинески државјанин беа ранети во напад што се случи доцна на 20 август, кога возило беше цел на бомбаш самоубиец.

„Кинеската амбасада во Пакистан најостро го осудува овој терористички чин, изразувајќи искрено сочувство до повредените од двете земји и изразува длабоко сочувство до невините жртви во Пакистан“, се вели во соопштението на кинеската амбасада во Исламабад.

„Пакистан мора да преземе практични и ефективни мерки за да се осигура дека слични инциденти нема да се повторат“, се додава во соопштението на амбасадата.

Сепаратистичката Ослободителна армија Балоч (БЛА) ја презеде одговорноста за нападот во Гвадар, каде што Кина изгради пристаниште.

Кина е вклучена во проектот Кинеско-пакистански економски коридор (ЦПЕК) вреден 65 милијарди долари, а 15.000 војници се испратени во регионот за заштита на илјадници кинески државјани.

Во јули, бомбаш самоубиец нападна автобус што превезуваше работници на градилиште во северен Пакистан, при што загинаа 13 лица, меѓу кои девет Кинези.