Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи , локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 23 степена. УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 31 степен.