Тони Михајловски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Куманово

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Актерот Тони Михајловски, кој е поранешен член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, е кандидат за градоначалник за Куманово од таа партија, соопшти денеска потпрестедателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. Тој рече дека од партијата ги утврдиле и кандидатите за градоначалници на скопските општини Ѓорче Петров и Бутел. Во нив како кандидати од ВМРО-ДПМНЕ за гласови ќе се натпреваруваат Александар Стојковски и Дарко Костовски. За Македонски Брод партијата го предлага Жарко Ристески, за Свети Николе Дејан Владев, за Македонска Каменица Димчо Атанасовски, за Берово
Елеонора Рашковска, за Чашка Зоран Здравески, за Пробиштип Маријан Миленковски, за Виница Миле Петков и за Пехчево Александар Китански.

Од опозициската партија деновиве објавија кандидати за градоначалници на повеќе општини, меѓу кои и за уште една скопска општина Центар, каде што кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е Наташа Котлар, професор во Институтот за национална историја.

Во меѓувреме СДСМ објави отворен повик за самокандидирање на кандидати за советници во општините и советот на град Скопје за локалните избори.

Во канцелариите на Државната изборна комисија низ земјава, пак, течат роковите за собирање потписи за независните советнички листи кои треба да го соберат предвидениот број до 30 август. Локалните избори треба да се одржат на 17 октомври, а од утре до почнува увидот во Избирачкиот список кој ќе трае до 9 септември.