Фармацевтската компанија АстраЗенека денеска објави позитивни резултати од тестирањето на нов лек против симтомите на ковид19. Лекот направен од комбинација на два типа антитела првично беше развиен како третман за оние кои веќе биле изложени на вирусот. Новото истражување спроведено врз 5197 учесници покажува дека со употребата на лекот 77 отсто е намалена можноста за развивање на симптоматско заболување, а не се забележани посериозни случаи, наведе компанијата во соопштение.
Претходното истражување во јуни покажа дека се намалува шансата да се развијат симптоми за само 33 отсто. Сегашните податоци, пак, покажуваат дека една доза може брзо и ефикасно да спречи развивање на симптоми велат од компанијата. Надежите се дека лекот може да се користи заедно со вакцините за оние кои им е потребна дополнителна заштита.
Американската влада го финансираше испитувањето на лекот и според договорот Соединетите Американски Држави треба да добијат 700 000 дози. Компанијата сега ќе ги испрати податоците на здрвствените власти кои треба да одобрат можна итна употреба. АстраЗенека веќе направи вакцина против ковид19 која е една од најкористените во светот.