Талибанците побараа од имамите да повикаат на единство на денешната молитва

Припадник на талибанските сили ја проверува областа надвор од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, Авганистан, 16 август 2021 година.

Талибанците ги повикаа авганистанските имами да побараат единство на денешната прва петочна молитва откако исламистичката група ја презеде контролата врз земјата, додека антиталибанските протести вчера се проширија во повеќе градови, вклучувајќи го и главниот град Кабул. Неколку луѓе загинаа кога талибанските милитанти пукаа врз толпа луѓе во источниот град Асадабад. Имало истрели од огнено оружје во близина на собир во Кабул, но се чини дека талибанците пукале во воздух.

Собири на Денот на независноста на Авганистан

Некои демонстрации беа мали, но во комбинација со очајната борба на илјадници луѓе кои сакаат да ја напуштат земјата, тие го нагласија предизвикот со кој се соочуваат Талибанците во управувањето. Групата го освои Авганистан со молскавична брзина кога странските војници се повлекоа, изненадувајќи ги дури и нивните лидери.

Борел: Морална должност на ЕУ е да спаси што повеќе Авганистанци

Од заземањето на Кабул во неделата, Талибанците претставија поумерено лице, велејќи дека сакаат мир и дека ќе ги почитуваат правата на жените во рамките на исламскиот закон. Кога беа на власт од 1996-2001 година, тие строго ги ограничија правата на жените, организираа јавни егзекуции и кренаа во воздух древни будистички статуи. Од неделата досега повеќе од 8.000 се евакуирани од кабулскиот аеродром.