Американски воени авиони ја обебзедуваат евакуацијата од Авганистан

Аеродромот во Кабул.

Американски воени авиони прелетуваат над Кабул за да ја обезбедат операцијата за евакуација од таму, соопшти денеска Пентагон.
Вооружените борбени авиони не летаа ниско над градот, туку направија таканаречени летови за набљудување, рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби на брифинг со новинарите.

Генерал -мајорот на американската армија Вилијам Тејлор рече дека сега има отворено повеќе излези на меѓународниот аеродром во Кабул и дека досега се евакуирани околу 7.000 луѓе.

Тој рече дека сега на аеродромот во Кабул има повеќе од 5200 војници кои ја обезбедуваат евакуацијата.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека американските сили ќе останат додека не се евакуираат сите Американци, дури и ако тоа значи да се остане по 31 август, рокот во кој Американците треба да се повлечат.
Претходно извештаите велеа дека талибанските борци на контролните пунктови околу аеродромот во Кабул ги попречувале дури и оние Авганистанци со валидно овластување да патуваат.