Полицијата испитува „закана од бомба“ во близина на Капитол хил

Капитол хил

Американската полицијата објави дека се испитува дали е поставена експлозивна направа во камион лоциран на Капитол Хил во Вашингтон.

Полиција денеска издаде предупредување во кое се наведува дека полицајци испитуваат сомнително возило во близина на Библиотеката на Конгресот и дека станува збор „активна истрага за закана од бомба“.

Полицијата се уште ја спроведува својата истрага.

Наводно, камионот е паркиран пред зградата на Библиотеката на Конгресот, која се наоѓа во близина на американскиот Капитол и на Врховниот суд, во центарот на градот. Повеќе згради на комплексот Капитол хил се евакуирани. Комплексот е составен од Конгресот, Врховниот суд, ботаничка градна и други институции.

Од полицијата е најавено дека се испратени и снајперисти на местото на настанот.

Белата куќа соопшти дека ја следи ситуацијата.