Земјите на ЕУ треба да примат повеќе Авганистанци

еврокомесарката Илва Јохансон

Миграцијата од Авганистан најверојатно ќе се зголеми под власта на Талибанците, соопшти Европската унија, повикувајќи ги земјите-членки да ги зголемат квотите за прием за Авганистанците на кои им е потребна заштита, особено за жените и девојчињата. „Нестабилноста во Авганистан најверојатно ќе доведе до зголемен миграциски притисок“, се вели во соопштението на еврокомесарката Илва Јохансон.

Словенија ќе прими пет бегалци од Авганистан

Талибанските бунтовници го зазедоа авганистанскиот главен град Кабул во неделата, што предизвика илјадници Авганистанци очајно да бараат спас во напуштање на земјата. Многу земји-членки на ЕУ се нервозни што случувањата во Авганистан може да предизвикаат повторување на мигрантската криза во Европа 2015/16 година, кога хаотичното пристигнување на повеќе од милион луѓе од Блискиот Исток ги зајакна системите за безбедност и поттикна поддршка за екстремно десничарските групи.