Бројот на мртви од земјотресот во Хаити порасна на 1941

Спасувачи ги расчистуваат урнатините по земјотресот во Хаити

Бројот на мртви од земјотресот во Хаити порасна на 1941, а бројот на повредени се зголеми на 9900, соопшти денеска службата за цивилна заштита.

Претходниот биланс беше 1419 загинати.

Земјотресот предизвика свлечишта кои ја отежнаа спасувачката акција, а ситуацијата ја влоши тропската бура Грејс која вчера го погоди Хаити.

Најзагрозен е југозападот на Хаити, каде што метеоролозите предупредија на големи дождови.

Премиерот на Хаити Ариел Анри по земјотресот во саботата прогласи 30-дневна вонредна состојба.