Иран го забрза збогатувањето на ураниум

На иранската телевизија беа прикажани три верзии на домашно изградени центрифуги, архивска фотографија

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во извештајот до земјите -членки соопшти дека Иран збогатува ураниум до 60 проценти чистота користејќи втора каскада на центрифуги во неговиот нуклеарен објект Натанц. Во мај, ИААЕ со седиште во Виена наведе дека Иран користи само една каскада за збогатување до 60 проценти чистота. Доколку ураниумот е збогатен на деведесет проценти се смета за оружје, иако се потребни други технички чекори за да се создаде нуклеарна бомба.

Макрон го повика Иран да ги продолжи нуклеарните преговори

Иран во април објави дека планира да започне со збогатување ураниум до 60 проценти чистота од 20 проценти како одговор на нападот врз нуклеарната локација Натанц за кој го обвини Израел. Овој потег беше еден од серијата чекори на Иран во кршење на нуклеарниот договор од 2015 година, откако поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од договорот и повторно воведе санкции. Според овој договор, познат како Заеднички сеопфатен план за акција, Техеран беше ограничен на рафинирање на ураниум до 3,67 проценти.

Израел се закани со воена акција против Иран

МААЕ, исто така, на 16 август соопшти дека Иран произвел 200 грама ураниум метал збогатен до 20 проценти. Металот од ураниум може да се користи за изградба на јадрото на нуклеарна бомба. Иран вели дека неговата нуклеарна програма е за мирни цели.