ЕУ со повеќе персонал и пари контра напливот на мигранти од Белорусија

Група илегални мигранти приведени во Ворзова, Летонија, 11 август 2021 година. Летонската влада прогласи вонредна состојба на границата со Белорусија од 11 август до 10 ноември 2021 година

Европската унија е подготвена да обезбеди дополнителни гранични службеници и пари за да се справи со напливот на мигранти на границата со Литванија, за која се обвинува Белорусија, се наведува во нацрт-изјавата за денешниот кризен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ. Министрите ќе ја осудат Белорусија за извршување неприфатлива агресија со испраќање мигранти на границата со Литванија, се наведува во нацрт-изјавата. Словенија, која претседава со ЕУ, соопшти дека разговорите ќе се одржат преку видео конференција.

Меркел со критика до Белорусија за поткопување на безбедноста на ЕУ

Во минатата недела, службата за надворешни работи на ЕУ го повика високиот претставник на Белорусија во Брисел за да побара прекин на „инструментализацијата“ на мигрантите што преминуваат во Литванија. Брисел го обвини Александар Лукашенко за намерно охрабрување на нови неовластени пристигнувања на главно ирачки мигранти како одмазда за санкциите против неговиот режим.

Летонија и Литванија во обид да ги спречат мигрантите да пристигнуваат преку Белорусија

Литванските граничари почнаа да ги спречува новите пристигнувања, а Брисел го повика Ирак од каде што најмногу доаѓаат потенцијалните бегалци да ги прекине летовите кон Минск. Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, предупреди минатиот месец дека земјите -членки на ЕУ подготвуваат посилни санкции против Лукашенко и неговите сојузници. Тие би можело да бидат одобрени на состанокот на министрите на ЕУ на 21-ти септември.

ЕУ ќе соработува со Талибанците доколку ги почитуваат човековите права

Во меѓувреме, земјите од групата МЕД-5, односно Грција, Шпанија, Малта, Кипар и Италија, побараа ситуацијата во Авганистан да биде ставена на агендата на вонредниот состанок на министрите за внатрешни прашања на ЕУ.