Наплив на пациенти со Ковид-19 во болницата во Тетово

Луѓе во Тетово чекаат да се вакцинираат.

Министерството за здравство информира дека во болницата во Тетово изминатото деноноќие има голем наплив на пациенти и се работи на интензивна реорганизација со цел соодветно згрижување на сите.

„На колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети. Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потрбно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје“, се наведува во соопштението на министерството.

Во текот на утрешниот ден, според министерството, ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден.

„Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре. Министерството апелира граѓаните да ги почитуваат мерките за лича заштита со цел спречување на понатамошно влошување на состојбата“, се додава во соопштението.

Вчера беа регистрирани 792 нови случаи на Ковид-19. Најмногу во Скопје 245, потоа во Тетово 136. Оздравени беа 104 пациенти, а починати 10 лица.