Локализиран пожарот во Горно Мелничари, кривична пријава за 2 лица

Пожари. Илустрација.

Командирот на дебарската територијална протовпожарна единица, Џетан Мифтароски изјави дека пожарот во атарот на селото Горно Мелничани, Општина Центар Жупа, во чие гаснење од утрово интервенираа и два хелкоптери, е локализиран.

„Поради опасноста од повторно распламтување, што во прилог на тоа оди ветерот и понатаму остануваме на терен. Значи на терен сеуште се над 100 лица, од пртовпожарната единица во Дебар и Гостивар, припадници на полицијата, специјалната полициска едница за брзи интервенции, од подружницата на „Национални шуми, како и вработени од општината“, посочи Мифтароски.

Во меѓувреме до дебарското основно јавно обвинителство поднесена е кривична пријава против две лица, албански државјани, под сомнение дека го прдизвикале пожарот во Горно Мелничани.

„Одделението за внатрешни работи Дебар, до Основното јавно обвинителство Дебар поднесе кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Во Горно Мелничани опожарени се над 15 хектари висоскостеблеста букова шума.