Поплави во јужна Русија, евакуирани 1500 луѓе

Поплави во Русија во мај, годинава.

Обилните дождови предизвикаа поплави во јужна Русија, принудувајќи евакуација на повеќе од 1.500 луѓе. Властите во Краснодарскиот регион соопштија дека повеќе од 1.400 куќи се поплавени по бурите и обилните дождови што ја зафатија областа оваа недела. Околу 108.000 жители на 11 населени места останаа без струја.

Регионалниот штаб за вонредни состојби соопшти дека се евакуирани вкупно 1.531 лице. Туристичкиот град Анапа на Црното Море бил меѓу најтешко погодените. Службениците за итни случаи предупредија дека обилните дождови се очекува да продолжат уште два дена.

Преку Црното Море на југ, Турција беше погодена од обилни дождови и поплави оваа недела, во кои загинаа најмалку 4 лица, а други се водат како исчезнати.