Власт и мускули

АВГАНИСТАН - Авганистанските власти денеска одржуваат итен состанок во претседателската палата во Кабул поради брзото влошување на безбедносната состојба во земјата откако талибанците ги заземаа клучните градови Кандахар и Херат. Радио Азади јавува дека се очекува обраќање да има претседателот Ашраф Гани. Претставниците на НАТО се очекува да одржат исто така итен состанок за да дискутираат за безбедносна во Авганистан, јави агенцијата Франс Прес.

МАКЕДОНИЈА - Тројца од петмината граѓани во земјава ја преферираат демократијата како систем на владеење, но дури 72 отсто преферираат и демократско управување, но и владеење со цврста рака, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на Националниот демократски институт (НДИ), посветено на теми поврзани со демократијата, владеењето, Ковид-19, геополитиката и дезинформациите.

БУГАРИЈА - Бугарскиот претседател Румен Радев денеска рече дека се уште не се исцрпени сите можности за формирање влада во Бугарија. Ќе се одржат консултации со партиите застапени во Парламентот, пред да биде предаден следниот мандат. Сите опции за формирање кабинет со широка парламентарна поддршка ќе бидат исцрпени.

МАКЕДОНИЈА - Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава, а не државна прослава и за тоа ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на таквиот декор, наведуваат во соопштението од опозициската партија.

ЦРНА ГОРА - Во повеќе црногорски градови е преземена акција за апсење на лица осомничени дека планирале убиства на неколку јавни функционери, објави Телевизија Црна Гора, повикувајќи се на неофицијални извори.

ГЕРМАНИЈА - Германската канцеларка Ангела Меркел на 20 август ќе ја посети Москва и ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, објавија денеска владите на двете земји.

ГРЦИЈА - За 24 часа, во периодот од 19 часот во средата, до истото време вчера, во Грција биле регистрирани 106 шумски пожари, а речиси сите биле ставени под контрола.

САД - Соединетите држави со цело срце ги поддржуваат напорите на Западен Балкан за продлабочување и зајакнување на инклузивната регионална економска интеграција во согласност со правилата и стандардите на Европската унија, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс.

РУСИЈА - Руските обвинители побараа од судот да воведе две годишни ограничувања за портпаролката на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, Кира Јармиш, која во моментов се наоѓа во куќен притвор до судење, објавено е на нејзиниот профил на Твитер.

КОСОВО - Владата на Косово, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, донесе нови мерки што ќе се применуваат од 20 август. Министерот за здравство Арбен Витиа изјави дека на новите мерки е поради зголемениот број на заразени со коронавирус. Според одлуката, до 10 септември ќе може да се влегува во ноќни клубови, дискотеки и објекти каде се одржуваат свадби, семејни забави со капацитет од над 100 луѓе само со потврда за вакцинација.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Шест лица загинаа во масовно пукање во градот Плимут во југозападна Англија на 12 август, соопшти полицијата, додавајќи дека осомничениот напаѓач е меѓу загинатите. Две жени и тројца мажи, меѓу кои и вооружениот напаѓач, починале на местото на настанот, се вели во соопштението на полицијата на Девон и Корнвол. Уште една жена почина во болница.