Нови 672 заразени со ковид19, пет починати

Пункт за тестирање за коронавирус во Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 6.770 тестирање, а регистрирани се 672 нови случаи на ковид19. Од новозаразените најмногу се во Скопје – 230, а потоа следуваат Тетово – 115, Гостивар – 101, Куманово – 43, Кичево – 37, Струмица – 36, Охрид – 20 и Струга-13. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени.

Пријавени се пет починати лица: две од Тетово, две од Гостивар и едно од Виница. Најмладиот починат е на 48 години, а највозрасниот на 85 години. За истиот период регистрирани сe 35 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 1.046.042 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 160.571 бројката на оздравени пациенти е 150.670, на починати е 5.532, а бројот на активни случаи изнесува 4.369.

Министерството за здравство во анализата за новозаразените минатата недела, која ја објави денеска, наведе дека oд 3497 граѓани кај кои е потврден коронавирусот од 6 до 12 август, 450 односно 12,8 отсто биле целосно вакцинирани, а 87,1 проценти или 3047 граѓани од позитивните не биле вакцинирани. Во наведениот период министерството евидентира дека ниту 25-те починати минатата недела не бил вакциниран.