Имале решенија за карантин, но ја напуштила земјата

Вакцина против ковид-19

Седум луѓе, од кои еден малолетник, ја напуштеле државата и покрај решенијата за карантин, информираат од тетовската полиција. Од полицијата велат дека вчера правеле проверки на решенијата за карантин издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат при што утврдиле дека седум лица постапиле спротивно на законот, не ги почитувале решенијата и ја напуштиле државата. Тие може да се соочат и со кривични пријави.

И во претходните денови имало случаи кога наместо во карантин луѓе си заминувале од државата.

Тетовскиот регион е второ по големина жаришта, по Скопје, во новиот бран на ковид-19. Според здравствените власти веселбите се причина за зголемениот број на новозаразени. Голем број луѓе од дијаспората летово дојдоа во земјата за да прават или да присуствуваат на свадби и други свечености.