Во Грција за 24 часа имало 106 шумски пожари

Пожар во Грција

За 24 часа, во периодот од 19 часот во средата, до истото време вчера, во Грција биле регистрирани 106 шумски пожари, а речиси сите биле ставени под контрола.

Противпожарните сили, како од Грција така и од другите земји кои испратија помош, сè уште се во северниот дел на Евија и западниот дел на Пелопонез, и покрај тоа што ситуацијата со пожарите е веќе смирена и речиси и да нема активни жаришта.

Во близина на местото Гуртина на Пелопонез, каде што во изминатите денови пожарот неконтролирано се ширеше и беше закана и за домовите, сега веќе е под контрола, иако и во текот на ноќта беше потребна интервенција од пожарникарите за да се спречи разгорување на малите жаришта.

Грција во изминатите недели беше зафатени со многу пожари. Претседателот Кирјакос Мицотакис наиде на критика поради начинот на кој владата одговорила на шумските пожари, за што премиерот и јавно се извини.