Вчера се вакцинирале 15.574 граѓани, од кои 8.808 примиле прва доза, соопшти Министерството за здравство. Од таму велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 571.392 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.033.584 дози вакцини, а ревакцинирани се 462.192 граѓани.
Со последните бројки 67 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и половина од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Граѓаните може да се вакцинираат без да закажан термин за вакцинација во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата.
Од Министерството велат дека вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата.