Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис направи мини реконструкција на Владата. Направени се пет промени, односно сменете се неколку заменици министри, а назначен е и нов портпарол на Владата.
Генералниот секретар од Министерството за финансии Христос Триандопулос е унапреден во заменик-министер под премиерот надлежен за државна помош и закрепнување од природни катастрофи. Досегашниот заменик-министер за земјоделски развој и храна Јоанис Иконому ќе биде заменик-министер под премиерот и владин портпарол, а Аристотелиа Пелони, останува на досегашната позиција алтернативна портпаролка на Владата.
Заменик-министерот под премиерот надлежен за координација на работата на Владата Акис Скерцос, станува државен министер, заменик-министерот за дигитална политика Георгиос Стилиос заминува во Министерството за земјоделски развој и храна на местото на новиот владин портпарол Иконому, а во Министерството за дигитална политика, на позицијата заменик-министер доаѓа Теодорос Ливаниос од позицијата заменик-министер под премиерот.
Новите министри денеска ќе положат свечена заклетва во претседателската палата.