Политичари и првачиња

САД - Твитер и Јутјуб потврдија за РСЕ дека ќе ги отстранат содржините со кои се негира геноцидот во Сребреница на нивните социјални платформи.

МАКЕДОНИЈА - Македонската репрезентација падна за 10 места на денеска објавената ранг-листа на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

ГРЦИЈА - Спасивме илјадници човечки животи и наш прв приоритет беше и е спасување на животите, на луѓето и на животните, а најважно е што немавме жртви, порача, меѓу другото, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција со грчките новинари и странските дописници за катастрофалните пожари што ја зафатија земјата.

МАКЕДОНИЈА - Новата програма за првоодделенците и четвртоодделенците која беше усвоена во март годинава како концепција за основно образование, ќе стартува ова учебна година. Планот на Министерството за образование и наука е за пет години да биде реформирано целото деветгодишно основно образование.

СЛОВАЧКА - Белоруските власти го уапсија поранешниот белоруски амбасадор во Словачка Ихар Луашења, кој отворено ги подржувал антивладините масовни протести на кои се оспоруваа официјалните резултати од минатогодишните претседателски избори. Тој бил приведен вчера, откако бил извршен претрес во неговиот дом.

ТУРЦИЈА - Турските власти соопштија дека најмалку четири луѓе загинаа, а едно се води како исчезнато во поплавите што вчера го погодија турскиот град Кастомону, во црноморскиот регион. Обилните дождови предизвикаа поплави во турските покраини на брегот на Црно Море, Бартин и Синоп. Жителите се евакуираат со хеликоптери поради затворените патишта, како и оштетени или урнати мостови. Северниот дел на Турција во лето е подложен на поплави, каде минатата година загинаа пет луѓе.

САД - Американските здравствени власти соопштија дека вакцините против ковид-19 се безбедни и за трудници и дека последното истражување покажало дека вакцините не го зголемуваат ризикот за спонтан абортус. Тие ги повикаа бремените жени да се вклучат во процесот на имунизација.

БУГАРИЈА - Без актуализираниот буџет во следните месеци ќе биде многу тешко и за претстојната здравствена криза и за преземање на мерките на државата неопходни за бизнисот и за социјалниот систем, изјави денеска привремениот бугарски премиер Стефан Јанев на редовниот состанок на Владата.

ШВАЈЦАРИЈА - Швајцарија е во добра позиција да ја постигне својата цел за постигнување на нула нето во емисиите на стакленички гасови до 2050 година, соопшти владата, отфрлајќи ја кампањата со која се сака да се забранат фосилните горива.