Најмалку четири луѓе загинаа во поплавите во Турција

Поплави во Турција

Турските власти соопштија дека најмалку четири луѓе загинаа, а едно се води како исчезнато во поплавите што вчера го погодија турскиот град Кастомону, во црноморскиот регион. Обилните дождови предизвикаа поплави во турските покраини на брегот на Црно Море, Бартин и Синоп. Жителите се евакуираат со хеликоптери поради затворените патишта, како и оштетени или урнати мостови. Северниот дел на Турција во лето е подложен на поплави, каде минатата година загинаа пет луѓе.